Важно е вие како граѓанска организација да спроведете самооценка на вашите капацитети за да можете ефективно да го поддржувате и развивате социјалното претприемништво. На тој начин ќе ги идентификувте вашите силни страни, недостатоци и стратешки ќе го подобрите своето влијание.
Поимот „Социјално претприемништво“ се однесува на движење или начин на размислување каде што главниот фокус е остварување на општествени цели преку претприемнички активности. Овој концепт подразбира создавање на иновативни решенија кои се добри за општеството и кои вклучуваат деловна компонента.
Во рамките на социјалното претприемништво, активностите се насочени кон постигнување високи општествени вредности и решавање на социјални проблеми.
Зголемување на ангажманот и учеството на младите во демократските процеси, особено во областите релевантни за политиката како што се заштитата на животната средина, вработувањето, социјалната исклученост, сиромаштијата, услугите за социјална заштита, јурисдикцијата, управувањето со јавниот сектор и одговорноста итн.
Иновации во учеството и промовирање на добри практики на вклучување, консултации и учество на корисниците и засегнатите страни, вклучително и јавните институции;
Oпштествена кохезија, поттикнување средина на соработка и меѓусебно разбирање меѓу различните групи;
Подобрување на јавните услуги со директно решавање на локалните прашања и подобрување на јавните услуги преку иновативни решенија, претпријатијата предводени од младите можат да ја покажат ефективноста на партиципативниот пристап во управувањето и испораката на услуги.